27/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ во четвртокот (26-ти ноември) изјави дека Србија ќе ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ дури откако блокот ќе одлучи да го одмрзне привремениот договор кој е дел од нејзиниот Договор за стабилизација и асоцијација. Тој објасни дека Белград ќе размисли кога е најпогоден момент да ја предаде својата апликација. Понатамошниот процес на интеграција на Србија во ЕУ зависи од нејзината целосна соработка со Хашкиот трибунал за воени злосторства. (Бета, Б92, Танјуг - 26/11/09)