27/11/2009
TИРАНА, Албанија -- Уставниот суд во четвртокот (26-ти ноември) ги одложи процедурите на ратификација во парламентот, за територијалниот договор помеѓу Албанија и Грција, со кој се одбележува епиконтиненталниот појас помеѓу двете држави во Јонското Море. Судот го отвори претресот на ова прашање минатиот месец, кога опозициските партии поднесоа жалба тврдејќи дека договорот им штети на интересите на Албанија. Следните рочишта се закажани за 8-ми декември, кога судот ќе одлучува дали договорот е уставен. Различни здруженија и воени експерти го критикуваа договорот, велејќи дека Албанија ќе изгуби околу 225 квадратни километри од територијалните води ако парламентот ја ратификува оваа мерка. Владата инсистира на тоа дека договорот, потпишан во април, е во интерес на двете земји. (ББС, Шекули, ВоА, Ора њус, Топ ченал - 26/11/09)