27/11/2009
AНКАРА, Турција -- ЕУ во четвртокот (26-ти ноември) ја повика Турција да ги отвори своите пристаништа и аеродроми за кипарските Грци, пред самитот на ЕУ во декември. Тројката на ЕУ, предводена од шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, се состана со турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, и главниот преговарач на земјата во разговорите за членството во Унијата, Егемен Багис, на разговори околу интегративниот процес на Анкара. Турција одбива целосно да го спроведе трговскиот пакт, со кој во сојузот Турција-ЕУ се вклучува и Кипар, ако ЕУ не го исполни своето ветување и не ја прекине изолацијата на кипарските Турци. Давитоглу рече дека проблемот ќе биде решен „не со примена на едностран притисок врз Турција, туку со изнаоѓање сеопфатно, правично и трајно решение на кипарскиот конфликт“.
Пред самитот на Европскиот совет следниот месец, кипарскиот претседател Деметрис Христофиас испрати писмо до сите членки на ЕУ, предупредувајќи дека Кипар ќе биде принуден да ја блокира кандидатурата на Турција, ако Анкара не ги исполни сите обврски кои се однесуваат на Никозија. (AФП, Ксинхуа, новинска агенција Анадолу - 26/11/09)