26/11/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Брисел одлучи да формира Комисија за преглед на состојбите со човековите права за ЕУЛЕКС, мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово. Комисијата ќе ги разгледува жалбите на сите кои велат дека се жртви на ЕУЛЕКС. „Како мисија за владеење на правото со одредени извршни функции, од суштинско значење е постоењето сериозен и транспарентен механизам на одговорност“, рече шефот на мисијата Ив де Кермабон, во средата (25-ти ноември). Комисијата ќе се состои од тројца членови на меѓународниот персонал и еден помошник-секретар. (Зери, Коха Диторе, Експрес, Косова Сот - 25/11/09; Taнјуг, Кохавижн - 24/11/09)