26/11/2009
ВАШИНГТОН, САД -- Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Валентин Инцко во средата (25-ти ноември) го информираше американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг за ситуацијата во БиХ, велејќи дека истата е загрижувачка. На состанокот во Вашингтон, по претставувањето на извештајот за неодамнешниот напредок на БиХ во седиштето на ОН во Њујорк, Инцко изрази поддршка за иницијативата на САД и ЕУ да се донесат босанските политички водачи на преговарачка маса со цел да се разговара за реформите. Уставните измени се главниот услов за функционална држава, и за силни политички институции кои ќе ѝ овозможат на државата да пристапи во ЕУ и НАТО, рече Инзко. (РТРС, Срна, Дневни аваз, Sarajevo-x.com - 25/11/09)