26/11/2009
АНКАРА, Турција -- Највисокиот административен суд во земјата, Советот на државата, во средата (25-ти ноември) ја отфрли одлуката поддржана од владата, со која се дозволува имамите -- студентите кои дипломирале во верските средни училишта -- да се запишуваат на универзитетите. Истанбулското здружение на правници го оспори овој потег откако Одборот за високо образование го одобри во јули. Во одлуката од средата се наведува загриженоста дека оваа практика може да резултира со сериозни и неповратни последици по турскиот образовен систем. (AФП, новинска агенција Анадолу - 25/11/09)