26/11/2009
TИРАНА, Албанија -- Италијанскиот министер за надворешни работи, Франко Фратини, и неговиот словенечки колега, Самуел Жбогар, испратија писмо до членките на ЕУ, барајќи забрзување на процесот на визната либерализација за Албанија и Босна и Херцеговина (БиХ), објавија локалните медиуми во средата (25-ти ноември). Двете земји не успеаја да изготват биометрички пасоши и да обезбедат целосна погранична контрола, што ги остави надвор од актуелниот план за визната либерализација на Западен Балкан. Наместо тоа, само граѓаните на Србија, Македонија и Црна Гора ќе уживаат безвизен режим следната година како награда за исполнувањето на стандардите што ги постави Брисел. (Шекули, Телеграфи, АНСА, СТА - 24/11/09)