Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Билт и Рен велат дека проширувањето на ЕУ треба да продолжи

26/11/2009

СТРАЗБУР, Франција -- Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, и комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во средата (25-ти ноември) ја повикаа ЕУ да ги држи отворени вратите за членството на земјите од Западен Балкан, како и Турција и Исланд. Билд, чија земја моментно претседава со ЕУ, потврди дека визите за македонските, српските и црногорските граѓани ќе бидат укинати и рече дека очекува Босна и Херцеговина (БиХ) и Албанија наскоро да ги стигнат. Проширувањето се покажа како една од најуспешните политики на ЕУ, изјави тој пред Европскиот парламент, претставувајќи ја стратегијата за проширување на Европската комисија.

Рен рече дека Хрватска се придвижува кон целта за членство во ЕУ, но го повика Загреб да ги забрза реформите, особено борбата против корупцијата и организираниот криминал. Тој додаде дека напредокот на Македонија е убедлив, но дека БиХ се соочува со сериозни проблеми. Рен ги повика босанските водачи да постигнат согласност за реформите потребни за доближување на земјата до ЕУ. Турција, рече тој, постигна напредок, но има уште долг пат пред себе пред да му се приклучи на блокот. (Б92, Бета, Танјуг, РТС, Фена - 25/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's