26/11/2009
НИКОЗИЈА, Кипар -- Претседателот Деметрис Христофиас испрати писмо до сите членки на ЕУ, предупредувајќи дека Кипар ќе биде принуден да ја блокира кандидатурата на Турција за пристапување во блокот, ако Анкара не ги исполни сите свои обврски во врска со Никозија, објави владата во средата (25-ти ноември), потврдувајќи ги претходните извештаи на медиумите. Конкретно, Никозија сака Турција да ги признае сите десет земји кои станаа членки во 2004 година, вклучително и Кипар. Христофиас го испрати своето писмо пред самитот на Европскиот совет следниот месец, кој се очекува да даде оценка за напредокот на Турција во исполнувањето на нејзините обврски. Претходните извештаи на медиумите посочуваа дека Христофиас ја повикал Турција во своето писмо да придонесе за изнаоѓање решение на долготрајното кипарско прашање.
Одговорајќи на писмото во средата, турскиот претседател Абдула Ѓул рече дека ставот на Анкара е кристално јасен -- „сите ограничувања треба да бидат укинати истовремено“. „Турција ќе ги укине сите ограничувања што се моментно наметнати над кипарските Грци, дури откако рестикциите наметнати над кипарските Турција ќе бидат укинати.“ (Финаншал мирор - 26/11/09; 1Њус, КНА, Ксинхуа - 25/11/09)