26/11/2009
БУКУРЕШТ, Романија -- Финалните резултати објавени рано во четвртокот (26-ти ноември) потврдија дека актуелниот претседател Трајан Башеску од Либералдемократската партија (ПДЛ) освоил 32,5 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори во неделата. Централното изборно биро додаде дека Мирчеа Џоана од Социјалдемократската партија (ПСД) ќе му биде противник на Башеску во вториот круг на 6-ти декември, со 31 отсто од гласовите. Крин Антонеску од Националлибералната партија (ПНЛ) беше зад него, со 20 отсто од гласовите. Тој и Џоана потпишаа политички договор помеѓу нивните партии во средата, кој го опфаќа како вториот круг од претседателските избори, така и новата коалиција во парламентот која ќе има целосно мнозинство. ПНЛ и Демократскиот сојуз на Унгарците потпишаа сличен договор, зголемувајќи ја новата коалиција.
Во меѓувреме, конечните резултати од референдумот кој се совпадна со изборите во неделата покажуваат дека 78 отсто од гласачите го поддржуваат еднодомниот парламент, наместо дводомниот, додека 89 отсто од нив гласале за намалување на бројот на пратениците од 471 на повеќе од 300. Властите велат дека одѕивот за референдумот изнесувал 51 отсто. (Јурналул национал, Агерпрес, Медиафакс, Hotnews.ro - 26/11/09; Ксинхуа, Hotnews.ro, Агерпрес - 25/11/09)