25/11/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Словенечки војник кој служел во КФОР во Косово, загина од, како што се чини, случаен истрел, објави во вторникот (24-ти ноември) словенечкото Министерство за одбрана. Иако во тек е истрага за инцидентот, се верува дека истиот не „вклучува вмешаност на друго лице“, објави министерството. Словенија им се приклучи на мировниците на КФОР во 2007 година. (Коха Диторе, Експрес, Лајм, Зери, Косова Сот - 25/11/09)