Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Рохан: Косово ќе стане членка на ОН по признавањето од страна на Србија

25/11/2009

ПРИШТИНА, Косово -- Иднината на младата држава е светла и порано или подоцна таа ќе биде дел од ЕУ, рече во вторникот (24-ти ноември) поранешниот заменик специјален претставник на ОН Алберт Рохан за време на посетата на Косово. Во исто време, истакна тој, членството во ОН ќе зависи од Белград. „Косово ќе стане членка на ОН кога Србија ќе биде подготвена да ја признае независноста на Косово и според тоа, ќе го повлече своето противење во ОН. Тоа е многу едноставно“, рече Рохан.

Во говорот пред парламентот, тој ги увери пратениците дека независноста на Косово претставува неповратен факт, кој на крајот мора да биде прифатен од Србија и петте членки на ЕУ кои сé уште не го признале. Тој истакна дека Косово треба да гради демократски институции, да го загарантира владеењето на правото и независноста на медиумите, како и да ги хармонизира своите закони со аквисот, со цел постигнување на членство во ЕУ. (Зери, Коха Диторе, Косова Сот, Експрес, Лајм - 25/11/09; РТК - 24/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's