25/11/2009
TИРАНА, Албанија -- Директорот за Западен Балкан на Европската комисија (ЕК) Пјер Мирел во вторникот (24-ти ноември) ја повика опозициската Социјалистичка партија (СП) да го прекине бојкотот и да се врати на своите места во парламентот. „Мора да има начин опозицијата да се врати назад“. рече Мирел во Тирана, по состанокот со министерот за надворешни работи, Илир Мета. СП вели дека ќе продолжи додека владејачкото мнозинство не се согласи да дозволи истрага за наводните „манипулации“ на јунските општи избори. (Шекули, Алсат, Ора њус, Топ ченал, Њус 24, Балкан веб, Клан - 24/11/09)