25/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Парламентот во вторникот (24-ти ноември) започна расправа во врска со предлог-законот за пренесување на ингеренциите на Војводина. Премиерот Мирко Цветковиќ го бранеше предлог-законот, велејќи дека истиот е уставен и доследно ја спроведува децентрализацијата и концептот на условна автономија без елементи на државотворност. Тој објасни дека законот ќе обезбеди надлежност на Војводина во 20 области, како што се регионалониот развој, земјоделството, туризмот, индустријата, транспортот, здравството, економијата, приватизацијата, рударството и енергијата. Но, опозициските партии остро го критикуваа законот, тврдејќи дека истиот ќе ја федерализира Србија. Во средата пратениците расправаа за предлог-статутот на провинцијата. (Бета, РТС, Танјуг, Б92, Данас - 24/11/09)