25/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Тројца поранешни главни менаџери на Српската фабрика за стакло се уапсени под сомневање за злоупотреба на функцијата и нанесување штета во висина од еден милион евра на претпријатието, објавија локалните медиуми во вторникот (24-ти ноември). Александар Ѓукиќ, Мирјана Ѓорѓевиќ и Јасмина Маниќ, беа уапсени доцна во понеделникот во источниот град Параќин, каде што се наоѓа седиштето на претпријатието. Инспекторите велат дека тие нарачале исплати за консултантски услуги преку странски претпријатија од Кипар од 2007 година па сé до претходно оваа година, иако никогаш не биле обезбедени такви услуги. (Б92, Бета, РТС, Танјуг, АП - 24/11/09)