25/11/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Државната комисија за жалби и приговори (ЕЦАЦ) во вторникот (24-ти ноември), побара од Централната изборна комисија да ги поништи резултатите во 15 избирачки места во Косово, од кои осум во општина Ѓаковица. ЕЦАЦ објави дека околу 1.500 гласови во овие избирачки места за време на локалните избори на 15-ти ноември, вклучувале фалсификувани потписи.
Рано во вторникот, вооружени напаѓачи пукале во општинската зграда во Ѓаковица, кршејќи ги прозорците. Еден 41-годишен маж беше уапсен и испрашан како главен осомничен во инцидентот. Политичките партии ја негираа можноста за каква било поврзаност меѓу нападот и резултатите од локалните избори. (Коха Диторе, Експрес, Лајм, Зери, Косова Сот - 25/11/09)