Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Судскиот процес против Шешељ во Хаг ќе продолжи во јануари

25/11/2009

ХАГ, Холандија -- Судењето на водачот на Српската радикална партија Воислав Шешељ ќе продолжи во Трибуналот на ОН за воени злосторства на 12-ти јануари, објави судот во вторникот (24-ти ноември). Рочиштата беа прекинати во февруари откако еден сведок рече дека добил закани од Шешељ, кој е обвинет за воени злосторства против несрпското население во Хрватска и Босна и Херцеговина помеѓу 1991 и 1993 година.

Во другите вести, шефот на српскиот национален совет за соработка со Трибуналот на ОН, Расим Љајиќ, во вторникот рече дека апсењето на поддржувачите на поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ, било грешка. Тој објасни дека тие поддржувачи можеле да ги доведат властите до бегалецот. Обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изрази слично мислење во интервју за Вечерње новости во вторникот. Љајиќ посочи дека апсењата биле извршени во обид да се докаже соработката на Србија со Трибуналот.

Исто така во вторникот, владата го избра Миодраг Мајиќ, претседател на белградскиот Основен суд I да ја претставува Србија пред Меѓународниот суд на правдата, за време на рочиштата следниот месец во врска со законитоста на независноста на Косово. (Бета, Данас, РТС - 24/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's