24/11/2009
ПРИШТИНА, Косовo -- Министерството за здравство во понеделникот (23-ти ноември) објави трет случај предизвикан од вирусот Х1Н1. Жртвата, 37-годишна жена од општина Ѓаковица, почина во неделата. Претставници на министерството велат дека таа имала хронична болест. Косово досега објави 98 случаи на Х1Н1. Првата група вакцини пристигна изминатиот викенд, донирана од Турција, додека 100.000 дози од лекот „тамифлу“ -- доделени од Светската здравствена организација -- се очекува да пристигнат на почетокот од декември. (Коха Диторе, Експрес, Зери, Лајм - 24/11/09)