24/11/2009
ЗАГРЕБ, Хрватскa -- Студентите на загребскиот Филозофски факултет во понеделникот (23-ти ноември) одлучија да продолжат со протестите бидејќи владата не ги исполни нивните барања за бесплатно образование. Студентите одлучија да ги бојкотираат сите предавања, како што сторија и пролетта. Тогаш, околу 20 факултети во сите големи градови, беа блокирани. Во понеделникот студентите во Пула и Ријека се приклучија на протестите. Премиерката Јадранка Косор вели дека нејзината влада ќе стори сé што може за да загарантира бесплатно образование за сите студенти кои ќе ги исполнат критериумите. (ХИНА, Пословни, Јавно, Јутарњи лист, Вечерњи лист - 23/11/09)