24/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ и министерот за одбрана, Драган Шутановац, присуствуваа на отворањето на воената база во понеделникот (23-ти ноември), наречена Југ, во близина на Бујановац. На церемонијата, Тадиќ рече дека капацитетот ќе биде клучен фактор за безбедноста и мирот и ќе помогне во борбата против организираниот криминал, придонесувајќи истовремено и за економскиот развој на јужна Србија. Базата, позната и како Цепотина по блискиот рид, е опишана како најголема и најмодерна од својот вид во регионот. Истата се наоѓа во близина на копнената безбедносна зона и административната линија со Косово.
Албанците кои живеат во јужна Србија не се задоволни од базата, велејќи дека истата претставува „милитаризација“ на нивниот регион. (Taнјуг, Бета, РТС, Б92, АП, ДПA - 23/11/09)