24/11/2009
БУКУРЕШТ, Романија -- Актуелниот претседател Трајан Башеску од Либералдемократската партија победи во првиот круг од претседателските избори со многу мало водство, според примерокот од обработени 99,81 отсто од избирачките места, објави Централното изборно биро во понеделникот (23-ти ноември). Башеску освои 32,4 отсто од гласовите, победувајќи го Мирчеа Џоана од Социјалдемократската партија, кој освои 31,1 отсто од гласовите. Крин Антонеску од Националлибералната партија (ПНЛ) беше трет со 20 отсто. Последен беше Корнелиу Вадин Тудор од партијата Поголема Романија, со 5,5 отсто од гласовите. Башеску и Џорана ќе одат во вториот круг на 6-ти декември. Според анкетите на јавното мислење, Башеску ќе изгуби, бидејќи ПНЛ во понеделникот објави дека ќе го поддржи Џоана. (Eвениментул Зилеи, Романија либера - 24/11/09; Meдиафакс - 23/11/09)