23/11/2009
АТИНА, Грција -- Крајбрежната стража во неделата (22-ри ноември) објави изјава, негирајќи ги извештаите во медиумите дека грчки товарен брод е запленет од вооружени пирати покрај брегот на Јемен, на 16-ти ноември. Властите велат дека бродот за неспакуван товар „Ред си спирит“, навистина, бил нападнат од двајца пиратски моторни чамци, но успеал да им избега. Сопственикот на бродот, превозното претпријатие „Секур холдингс инк.“, објави дека бродот продолжил по својот пат кон Карачи, Пакистан. (AНА-МПА, Катимерини - 23/11/09)