23/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Јосип Броз, внукот на поранешниот југословенски водач Јосип Броз Тито, беше избран во неделата (22-ри ноември) за водач на новоформираната Комунистичка партија на Србија. „Сигурен сум дека ќе успееме да собереме 10.000 потписи за да ја регистрираме својата партија“, беше цитирана изјавата на Броз за локалните медиуми. Тој додаде дека партијата ќе биде левичарска политичка формација која ќе ја поддржува интеграцијата во ЕУ. (Блиц, РТС, РИА Новости - 22/11/09)