22/11/2009
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Владата во саботата (21-ви ноември) објави дека отпушти тројца од четворица менаџери во државното претпријатие за патишта ХАЦ, кое беше зафатено од серија корупциски скандали. Министерот за транспорт, Божидар Калмета, рече дека одлуката за смена на високите функционери била поттикната од плановите на владата за подобрување на претпријатието поради тоа што „нормалниот тек на работата [бил] невозможен“. Локалните медиуми јавуваа за корупција во претпријатието, но Калмета ги негираше тие наводи. „Односите во самиот ХАЦ се единствената причина. Нашата цел сега е новиот менаџмент да биде ослободен од политичко влијание“, рече министерот. ХАЦ е задолжен за фунционирање, изградба и одржување на патиштата во Хрватска. (AФП, Ројтерс - 21/11/09)