22/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Директорот на Центарот за документации Веритас во Белград, Саво Штрбац, во саботата (21-ви ноември) објави дека полицијата во Подгорица го уапсила Станко Ковачевиќ под сомневање дека извршил воени злосторства во Хрватска. Според Штрабац, Ковачевиќ е уапсен во петокот врз основа на потерницата на Интерпол издадена во Загреб и моментно чека екстрадиција. Ковачевиќ, заедно со група од 30 граѓани од селото Ервинк во близина на Книн, беше осуден во отсуство на десет години затвор во 1992 година. Меѓународни потерници беа издадени против нив во 2001 година. Петмина од 30 лица беа уапсени и екстрадирани во Хрватска. Четворица од нив се ослободени, а петтиот се соочува со повторно судење. (Вести онлајн, Вечерње новости, РТВ, РТС, Фонет, Б92 - 22/11/09)