22/11/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Валентин Инзко во петокот (20-ти ноември) рече дека БиХ ќе добие целосна визна либерализација во ЕУ во јули следната година и ќе пристапи во блокот во 2014 година. „Да се надеваме дека визната либерализација ќе дојде од 1-ви јули следната година. Разликата од шест месеци помеѓу укинувањето на визите за Србија, Македонија и Црна Гора, и БиХ сé уште би можела да се толерира, ни разликата од една година би била катастрофална за менталитетот на народот“, рече Инзко во интервју за виенскиот весник Дер Стандард. (Ливно, МИА - 21/11/09; Дер Стандард - 20/11/09)