Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Романците гласаат за претседател

22/11/2009

БУКУРЕШТ, Романија -- Романците гласаа во неделата (22-ри ноември), за својот прв шеф на државата. Претседателските избори беа први по пристапувањето на земјата во ЕУ во јануари 2007 година. Повеќе од 18 милиони луѓе имаат право да гласаат во 21.400 избирачки места низ целата земја и 300 во странство, претежно во Италија и Шпанија. Дванаесет кандидати ќе се борат за местото. Според последните анкети, актуелниот претседател Трајан Башеску и кандидатот на Социјалдемократската партија (ПСД), Мирчеа Џоана, се главни фаворити и, најверојатно, ќе се соочат во вториот круг на 6-ти декември. Според анкетите, одѕивот би бил под 50 отсто.

Покрај гласањето за претседател, Романците ќе можат да одлучат на референдум и дали сакаат нивниот парламент да биде реструктуиран од дводомен во еднодомен и да го намалат бројот на пратениците од 471 на 300. (AФП, Медиафакс, Hotnews.ro, Ројтерс, Еуроњус - 22/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's