20/11/2009
TИРАНА, Албанија -- Министерот за здравство, Петрит Васили, во четвртокот (19-ти ноември) рече дека Албанија е на само чекор до прогласување епидемија на свински грип. Васили го повика населението да не паничи и рече дека не е донесена одлука за затворање на училиштата. Објавени се вкупно 128 потврдени случаи, но досега нема смртни случаи. (Tоп ченал, Алсат, Клан, Телеграфи - 19/11/09)