20/11/2009
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Парламентот го одобри Ѓуро Попијац за нов министер за економија на земјата, во четвртокот (19-ти ноември). Тој ќе го замени Дамир Поланчец, кој поднесе оставка на крајот од минатиот месец поради корпоративниот скандал со прехранбеното претпријатие Подравка. Пратениците, исто така, ги одобрија номинациите на министерот за здравство, Дарко Милиновиќ, и министерот за финансии, Иван Шукер, за вицепремиери. Двајцата ќе ги задржат и другите свои портфолија. Попијац вели дека ќе бидат претставени конкретни решенија на долгорочните и краткорочните проблеми, вклучително и проблематичниот бродоградежен сектор. (ХРТ, ХИНА, Пословни, Нова ТВ, Нови лист, СТА - 19/11/09)