Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Извештај: На Бучковски му е уважена судската жалба

20/11/2009

СКОПЈЕ, Македонија -- Локалните медиуми во четвртокот (19-ти ноември) објавија дека Апелациониот суд ја отфрлил пресудата против поранешниот премиер Владо Бучковски, во врска со неговата вмешаност во договор за оружје. Судот нареди преиспитување на случајот поради повреди на судската постапка, се вели во извештајот. Но, претседателот на судот Јордан Митриновски за весникот Утрински весник изјави дека не е донесена никаква одлука, бидејќи судиите само разговарале за случајот.

Минатата година, Бучковски и поранешниот началник на Генералштабот Методи Стамболиски беа осудени на по три и пол години затвор, откако беа прогласени виновни за злоупотреба на службената должности и корупција. Случајот произлегува од купувањето на резервни делови во вредност од 2,4 милиони евра за армиските тенкови во 2001 година, кога Бучовски беше министер за одбрана. (Дневник, Утрински весник - 20/11/09; MИА, А1, Сител, Макфакс - 19/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's