20/11/2009
БУКУРЕШТ, Романија -- Апелациониот суд во Букурешт во четвртокот (19-ти ноември) го отфрли барањето на неколку невладини организации за одложување на референдумот распишан од претседателот Трајан Башеску, кој треба да се одржи в недела, на истиот датум кога ќе се одржат и претседателските избори. Ако биде успешен, референдумот ќе го претвори дводомниот парламент во еднодомен, намалувајќи го бројот на членовите од 471 на 300. Башеску вели дека тоа ќе го рационализира законодавниот процес и ќе заштеди пари. Постои можност за одлуката од четвртокот да биде поднесена жалба до Врховниот суд.
Во другите вести, Башеску и двајца други претседателски фаворити ќе се соочат во својата прва телевизиска дебата во петок. Двајца други кандидати се социјалдемократот Мирчеа Џоана и либералот Крин Антонеску. (Адеварул, Медиафакс, Nine o'clock, Романиан тајмс - 19/11/09)