19/11/2009
TИРАНА, Албанија -- Владата мора да заврши повеќе работа пред да биде одреден точниот датум за визната либерализација, рече шефот на Одделот за надворешни односи и проширување на Европската комисија (ЕК), Луиџи Сореца, во средата (18-ти ноември). Дијалогот што го започна ЕК со петте држави во регионот се базира на патоказот и јасните технички и политички стандарди кои мора да се исполнат, изјави Сореца за Би-Би-Си. Либерализацијата на визниот режим за албанските граѓани ќе зависи од напредокот на земјата во исполнувањето на овие стандарди, додаде Сореца. (Toп ченал, Балкан веб, Алсат, Клан, Телеграфи - 18/11/09)