Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Поднесени повеќе од 150 приговори за изборите во Косово

19/11/2009

ПРИШТИНА, Косово -- Подкомисијата за изборни приговори и жалби (ЕЦАЦ) прими 150 жалби од 15-ти октомври, кога започна кампањата пред општинските избори во Косово. Околу половина од нив се однесуваат на наводните манипулации на денот на изборите, на 15-ти ноември. Претседателот на ЕЦАЦ Тахир Рецај во средата (18-ти ноември) рече дека во текот на следната недела, овие приговори ќе претставуваат главен приоритет. Според законот за изборите, ЕЦАЦ има право да ги поништи резултатите или да бара од Централната изборна комисија да го повтори гласањето во некои избирачки места ако се откријат нарушувања кои имаат директно влијание на процесот на потврдување. Европската мрежа на изборните набљудувачки организации вели дека изборите „генерално ги исполниле“ меѓународните стандарди. (Косова Сот, Коха Диторе, Епока е Ре, Лајм - 19/11/09; РТК, Кохавижн - 18/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's