19/11/2009
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Дванаесет кандидати ќе учествуваат на претседателските избори на 27-ми декември, објави во средата (18-ти ноември) Државната изборна комисија. Петмина од нив се поддржани од партии, а седуммина ќе учествуваат како независни кандидати. „Добивме 21 кандидатура, од кои 12 беа валидни“, рече претседателот на комисијата Бранко Хрватин. Кампањата официјално започнува в четврток, а ќе заврши на 25-ти декември. Ако ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе има втор круг на 10-ти јануари. Актуелниот претседател Стипе Месиќ го завршува својот втор мандат и не може да бара реизбор. (ХИНА, Пословни, Нова ТВ, Ројтерс - 18/11/09)