18/11/2009
AНКАРА, Турција -- Министерот за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, во вторникот (17-ти ноември) изјави дека Турција ќе ја разгледа можноста за ратификување на статутот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), по ревизорската конференција на судот во Уганда следната година. Ова прашање беше покренато пред самитот на Организацијата на исламската конференција, чиј домаќин беше Истанбул на почетокот од овој месец. Суданскиот претседател Омар Хасан ал-Башир требаше да присуствува, но се повлече во последната минута. Тој беше обвинет од МКС за злосторства против човештвото во Дарфур. Во 2004 година турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган рече дека неговата земја ќе стане дел од МКС, но тоа сé уште не се случило. (Ројтерс - 17/11/09)