18/11/2009
AНКАРА, Турција -- Третото писмо до цивилниот обвинител задолжен за наводниот случај Ергенекон ги зголеми тензиите. Од обелоденувањето на деталите од писмото -- испратено минатата недела -- во вторникот (17-ти ноември), јавноста дозна повеќе за наводните планови за уништување на владејачката Партија на правдата и развојот. Неименуван воен офицер, исто така, испратил и це-де, кое вклучува 590 фолдери доверливи воени документи. Писмото било испратено до претседателот Абдула Ѓул, премиерот Реџеп Тајип Ердоган, водачот на најголемата опозициска Републиканска народна партија, Дениз Бајкал, и водачот на партијата Националистичко движење, Девлет Бахчели. Се верува дека претходните писма, испратени до обвинителите на Ергенекон во октомври, биле од некој друг во војската, но не од автор на ова последно писмо. (Заман, Хуријет, Чумхуријет - 18/11/09; новинска агенција Анадолу - 17/11/09)