18/11/2009
ХАГ, Холандија -- Главниот обвинител на ОН за воени злосторства, Серж Брамерц, подготви извештај за тоа каква е соработката на одделните земји во регионот со судот, но нема да ја открие неговата содржина додека не ја поднесе својата оценка пред Советот за безбедност на ОН во декември, информираше во вторникот (17-ти ноември) неговата портпаролка, Олга Кавран. Хрватскиот весник Јутарњи лист во вторникот објави дека истиот ќе содржи позитивна оценка за Србија и одредени критики за Хрватска. Оваа проценка е од суштинско значење за процесите на интеграција во ЕУ на двете земји. (Бета, РТС, Б92, Јутарњи лист - 16/11/09)