Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

ЕУ убедена дека Македонија и Грција ќе постигнат компромис во врска со спорот околу името

18/11/2009

СКОПЈЕ, Македонија -- ЕУ е оптимист во врска со шансите за компромис помеѓу Македонија и Грција околу нивниот долготраен спор за името, дури и пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, на 7-ми декември, изјави во вторникот (17-ти ноември) шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт. Билт, чија земја моментно претседава со ЕУ, рече дека е во постојан контакт со своите колеги во двете земји и дека двете влади сакаат да постигнат напредок.

Исто така во вторникот, посредникот на ОН во спорот околу името, Метју Нимиц, рече дека ќе свика нов круг разговори „ако и кога“ ќе смета дека таквиот состанок ќе биде од полза. (MИА, А1, Макфакс, Сител, Алсат, АНА-МПА - 17/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's