18/11/2009
ЉУБЉАНА, Словенија -- Премиерот Борут Пахор во вторникот (17-ти ноември) објави дека владата го поддржува арбитражниот договор за границата, постигнат со Хрватска. Тој додаде дека пред парламентот да гласа за истиот, Уставниот суд ќе го разгледа, што ќе потрае околу еден месец. Минатата недела, хрватската влада усвои предлог-закон за договорот и го достави до парламентот на одобрување. (СТА, ХИНА, ХРТ, Нови лист - 17/11/09)