Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Хрватскиот Уставен суд вели дека кризниот данок е легален

18/11/2009

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Уставниот суд во вторникот (17-ти ноември) ги отфрли жалбите кои ја доведуваа во прашање законитоста на специјалниот данок за платите, пензиите и другиот приход, кој беше воведен во август. Судот одлучи дека новиот данок не е дискриминаторски и, оттаму, не го крши уставот. Околу 80.000 граѓани, вклучително и претседателот Стипе Месиќ, побараа од судот да го процени т.н. кризен данок. Гласањето заврши со 11 наспрема 2 гласа. Судиите, сепак, препорачаа владата да ја разгледа можноста за укинување на данокот пред неговото планирано укинување, за една година. Според специјалниот данок, месечните нето примања, кои се движат од околу 409 до 819 евра се оданочуваат по стапка од 2 отсто; даночната стапка за повисоките приходи изнесува 4 отсто. (Вјесник, ХИНА, Јутарњи лист - 17/11/09)

Најнови вести

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's