18/11/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (ССМ) во средата (18-ти ноември) го започна дводневниот состанок во Сараево, кој се фокусира главно на политичкиот ќор-сокак кој ги спречува реформите. Пред состанокот шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, рече дека не гледа ризик по безбедноста на БиХ, но истакна дека има влошување на политичката ситуација. Според него, ССМ најверојатно нема да одреди датум за затворање на Канцеларијата на високиот претставник и нејзино трансформирање во Канцеларија на специјалниот претставник на ЕУ. (БХРТ, Фена, Дневни аваз, Срна, Онаса - 17/11/09)