17/11/2009
БРИСЕЛ, Белгија -- Министрите за надворешни работи на ЕУ, во понеделникот (16-ти ноември), ја прифатија апликацијата на Албанија за добивање кандидатски статус и сега ќе бараат од Европската комисија да даде свое мислење за кандидатурата на Албанија, што би требало да биде за околу 18 месеци. Албанија ја поднесе својата апликација за кандидатски статус во април.
Премиерот Сали Бериша ја опиша одлуката од понеделникот како „историска и клучна за албанските граѓани“, мислење што го сподели и претседателот Бамир Топи, кој рече дека Албанија сака да биде дел од „Обединета Европа“.
Исто така во понеделникот, членката на Европскиот парламент Тања Фајон рече дека Албанија има реална шанса да им понуди на своите граѓани слободно движење во земјите на ЕУ; сепак, недостатокот на политички дијалог и понатаму претставува проблем. Албанија мора, исто така, да стори повеќе во борбата против криминалот и корупцијата за да има корист од процесот на визната либерализација, рече Фајон, за време на конференцијата организирана од Министерството за интеграција во Тирана. (Toп ченал, Њус 24, Клан, Алсат, Телеграфи - 16/11/09)