17/11/2009
БРИСЕЛ, Белгија -- Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фо Расмузен, во понеделникот (16-ти ноември) изјави дека членките на ЕУ треба да помогнат во решавањето на споровите помеѓу Грција и Турција, кои го попречуваат постигнувањето договор за подобрување на безбедносната ситуација во Авганистан. Членката на НАТО, Турција, става вето на официјалните односи меѓу Алијансата и ЕУ, што го спречува НАТО да обезбеди заштита за обучувачите на ЕУ распоредени во Авганистан. Покрај тоа, Анкара не ја признава владата на кипарските Грци во Никозија, иако Кипар е член на ЕУ. На заедничкиот состанок на сите министри за одбрана и надворешни работи на ЕУ во Брисел, Расмузен истакна дека подобрувањето на односите помеѓу НАТО и ЕУ претставува приоритет за него. (Хуријет - 17/11/09; AП - 16/11/09)