16/11/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Бројот на потврдените случаи на свински грип се зголемува, но властите велат дека темпото со кое се шири вирусот е под очекувањата. Министерството за здравство во неделата (15-ти ноември) потврди седум нови случаи, со што вкупниот број досега изнесува 39, макар што епидемиолозите сметаат дека точната бројка е далеку поголема. Во саботата Министерството за здравство го потврди првиот смртен случај во Косово од свински грип.
Во меѓувреме, во Албанија, Институтот за јавно здравство во неделата објави 19 нови случаи на свински грип, со што вкупната бројка сега изнесува 76. Властите велат дека ситуацијата е под контрола и дека ниту еден од случаите не е сериозен. (Зери, Епока е Ре - 16/11/09; РТК, Телеграфи, Топ њус, Клан - 15/11/09)