16/11/2009
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Даринко Косор беше избран за водач на хрватската Социјал-либерална партија на партискиот конгрес во саботата (14-ти ноември). Косор, кој го води загребскиот огранок на партијата, со тесна разлика го победи Дражен Бреглец, кој е заменик-претседател на партијата. Косор доаѓа на местото на Ѓурѓа Адлесиќ. (ХРТ, Индекс, Вечерњи лист - 14/11/09)