15/11/2009
АТИНА, Грција -- Рачно изработена бомба експлодираше во петокот (13-ти ноември) пред атинскиот дом на парламентарниот член Мимис Андрулакис, од владејачката партија ПАСОК. Нема извештаи за повредени или материјална штета. Анономен јавувач ја информирал полицијата непосредно пред експлозијата. Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Во меѓувреме, во саботата, полицијата уапси три лица во врска со серија напади организирани од левичарска група. Двајца мажи и една жена, сите на возраст од околу 20 години, беа притворени во Атина за наводна вмешаност во организацијата Заговор на огненото јадро. Полицијата трага по уште шестмина други осомничени членови. (ДПА, Нафтемборики - 14/11/09; AП - 13/11/09)