15/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Жан Франсоа Терал, француски амбасадор во Белград, во петокот (13-ти ноември) рече дека верува оти замрзнатиот Договор за стабилизација и асоцијација (ДСА) помеѓу ЕУ и Србија не биде наскоро решен. Тој ги повика сите членки на ЕУ да го почитуваат мислењето на Холандија, која инсистира на тоа ДСА да остане блокиран додека Србија не го уапси воениот командант на босанските Срби Ратко Младиќ. Но, Терал се запраша уште колку време една членка на ЕУ ќе може да го брани својот став, со оглед на тоа што мнозинството членови имаат различно мислење. Претходно оваа недела, Холандија навести дека е можно да ја омекне својата позиција, но го чека извештајот од декември за напредокот на Србија од главниот обвинител на Трибуналот на ОН, Серж Брамерц. (Време, Бета, Б92, Радио Србија - 13/11/09)