Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Кандидат на опозицијата нападнат во Митровица, Косово

13/11/2009

ПРИШТИНА, Косово -- Пред локалните избори в недела (15-ти ноември), Хисни Ахмети, кандидат за градоначалник на Митровица од опозицискиот Сојуз за иднината на Косово (ААК), бил нападнат во четвртокот вечер, додека возел кон местото на кое се одржувал настан од кампањата. Напаѓачите пукале во неговиот автомобил по патот кој ги поврзува Приштина и Митровица. Тој не бил повреден, но неговиот автомобил бил оштетен.

Другиот инцидент кој ги наруши последните денови од кампањата се случи во Звечан, град со претежно српско население во северно Косово. Граната била фрлена во близина на продавница, при што најверојатна цел било српско семејство кое ги најавило плановите да се кандидира за места во Општинското собрание на Звечан. Повеќето косовски Срби ќе ги бојкотираат изборите.

Исто така во четвртокот, две опозициски партии -- Демократската лига на Косово (ЛДК) и ААК -- ја обвинија Централната изборна комисија (ЦИК) за потенцијалните манипулации. Партиите велат дека ЦИК направила договор со приватни претпријатија за печатење на гласачките ливчиња и нивна дистрибуција до избирачките места, иако претпријатијата не ги исполниле условите за процесот и не одговараат на зададените критериуми. (Коха Диторе, Зери, Епока е Ре, Инфо Прес, Косова Сот - 13/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's