12/11/2009
БРИСЕЛ, Белгија -- Европскиот парламент (ЕП) во четвртокот (12-ти ноември) усвои извештај во кој се препорачува укинување на визниот режим за Македонија, Србија и Црна Гора, почнувајќи од 19-ти декември. Гласањето помина со 550 „за“ наспрема 37 „против“ и 51 воздржан. Според документот, Босна и Херцеговина и Албанија ќе бидат вклучени во безвизниот режим откако ќе ги исполнат потребните критериуми. Конечната одлука ќе ја донесат министрите за внатрешни работи на ЕУ, кои ќе гласаат до крајот на овој месец. (Бета, РТС, Танјуг, Макфакс, МИА - 12/11/09)