Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Романскиот претседател Башеску ја разгледува можноста за предвремени општи избори

11/11/2009

БУКУРЕШТ, Романија -- Претседателот Трајан Башеску почна да ја разгледува можноста за предвремените општи избори, во случај да пропадне вториот обид за избор на влада. Во изјавата за локалниот канал ТВР1 во вторникот (10-ти ноември), Башеску рече дека, ако биде потребно, тој ќе го распушти парламентот по претседателските избори на 22-ри ноември, бидејќи, според законот, парламентот не може да биде распуштен 60 дена пред претседателските избори. Во меѓувреме, Башеску рече дека ќе именува уште еден мандатор ако парламентот не го поддржи предложениот кабинет на Ливиу Негоита. Извесно е дека ќе дојде до тоа, со оглед на тоа што опозицијата одбива да го поддржи кој било кандидат предложен од Башеску.

Во меѓувреме, премиерот во заминување, Емил Боц, во вторникот побара од парламентот да ги модификува регулативите што се однесуваат на влада во ваква позиција, со цел да ѝ овозможи на владата да ги поднесе пензиските и фискалните сметки, заедно со сметките на државниот буџет. Боц истакна дека овие мерки се меѓу обврските за кои се преговараше со ММФ и тие мора да бидат усвоени до крајот на оваа година. (Евениментул зилеи, Гандул, Зиуа - 11/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's